Контакт

Топ

Четири куќи зафатени во пожар во Куманово

Објавено пред

Изутринава во 2 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во место викано „Ново Куманово“. По излегување на местото на настанот од полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Куманово било утврдено дека станува збор за четири куќи, сопственост на Т.И., Р.А., Ј.И. и В.А.

dobivaj vesti na viber

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Објавено пред

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“.

dobivaj vesti na viber

Колони возила некое време се заглавени и стојат во место. Целосен колапс на сообраќајот во Скопје.

Претходно МВР извести дека на 12, 13 и 14 јуни (среда, четврток и петок), поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

Објавено пред

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија и Грција како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања” истакна Османи.

Тема на разговор беше европската перспектива на Северна Македонија, и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција.

„Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО. Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност“, рече Османи.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни.

Прикажи повеќе...

Економија

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Објавено пред

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16.000 квадратни метри и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.

dobivaj vesti na viber

Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Северна Македонија.

Лидл е дел од Schwarz Group, која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

Во Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово. Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на работењето. Логистичкиот центар дополнително ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.

Минатиот месец Лидл организира средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија18 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија21 час

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија21 час

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија22 часа

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија22 часа

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија23 часа

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет23 часа

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет23 часа

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет23 часа

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија2 дена

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија2 дена

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија2 дена

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија2 дена

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија2 дена

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија2 дена

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион2 дена

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...