Црна хроника
Чуварот на патот во изградба Дреново-Прилеп најден починат
Вчера било пријавено дека на патот во изградба Дреново-Прилеп, поточно кај местото викано Рамниште бил пронајден починат чуварот Р.Т. (68) од село Возарци.
Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против двајца од Струшко за „пустошење шуми“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(37) и А.И.(31), двајцата од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик.
На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“.
Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените веднаш беа лишени од слобода.
Црна хроника
Изгоре стан во Дебар, нема повредени лица
Вчера во 08:38 часот во ОВР Дебар е пријавено дека настанал пожар во стан на улица „Јосуф Грвала“ во Дебар, сопственост на А.К. од Дебар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар, извести СВР Охрид.
Топ
Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар
Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа. Како што е пријавено, Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне.
А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: МВР

