Контакт

Топ

Вработени во пошта во Чаир краделе пари од сметки на граѓаните

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против десет вработени во АД „Пошта на Северна Македонија“ за проневера во службата и фалсификување службена исправа

Според информациите од МВР, З. Х. (29), Р. И. (34), И. Е. М. (32), С. П. (53), А. Ќ. (45), Ф. Љ. (35), Л. И. (26), М. Т. (62), Н. К. (55) и Х. Х. (42), сите од Скопје, вработени во подружницата во Чаир, од февруари до ноември 2019 година со фалсификување налози од лични трансакциски сметки на физички лица краделе пари.

„Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со својот претпоставен, десеттопријавениот Х. Х., во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување 26 налози за исплата – образец ПП40, од лични трансакциски сметки, сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десеттопријавениот Х. Х. во вкупен износ од 1.570.822 денара“, соопшти МВР.

Европа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Објавено пред

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од 1.100 милијарди евра.

Инструментот се состои од 500 милијарди долари бесповратна помош за најтешко погодените држави членки и сектори и 250 милијарди евра, кои би се доделувале како поволни заеми.

Вкупно за ВФО и инструментот за заздравување и отпорност се предлагаат 1850 милијарди евра.

Претседателката на ЕК, Урсула вон дер Лаен, изнесе предлог на седницата на Европскиот парламент.

„ЕК денеска предлага нов инструмент за заздравување со името ‘ЕУ – новата генерација’ во рамките на ревидираниот долгорочен буџет. Вкупно овој европски план за заздравување ќе обезбеди 1.850 милијарди евра за подигнување на нашите економии и напредокот на Европа“, соопшти ЕК.

Пакет-мерките за заздравување се состојат од два дела – повеќегодишен буџет за периодот од 2021 до 2027 година и инструмент за заздравување, кој ќе се финансира преку задолжувања на пазарите на капитал со гаранции на државите членки.

Клучен дел на предлогот е подигнување на горните граници на сопствените средства на европскиот буџет, односно буџетските приходи. Се работи за најголем износ на придонеси кој може да се бара од државите членки за полнење на буџетот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Објавено пред

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на случаи останува 2.244.

Досега се тестирани 64.266 лица, од кои 584 во последните 24 часа. Хоспитализирани се 38 лица, од кои шест се прикчлучени на респиратор.

Оздравени се 2.047 пациенти, од кои еден во последните 24 часа. Вкупниот број на починати е 101.

Поради новата состојба, во Хрватска се донесени нови одлуки – се укинува забраната за настани и јавни собири со повеќе од 40 луѓе. Спортските натпревари може да се одржуваат од 30 мај на отворено, а од 13 јуни на затворено, но засега без публика.

Од 29 мај се укинува ограничувањето според кое на погреби можеше да присуствува само најблиското семејство, а се укинува и забраната за свадбени церемонии.

Сепак, овие настани мора да се одржуваат со придржување до мерките и препораките на Хрватскиот завод за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Објавено пред

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател на Исламската верска заедница.

Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.

„Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на Ријасетот на ИВЗ на Република Северна Македнија, одржана на 27.5.2020 година, со почеток во 10 часот, ние, долупотпишаните, врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои го сочинуваат повеќе од двотретинското мнозинство на Ријасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, рече ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен за вршител на должноста претседател на ИВЗ до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Одлуката стапува во сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтија Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, и на Струга, Салим Сулејмани.

Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација која функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал“, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки, директорот за дијаспората, Селвер Џемаили, членот на Ријасетот, Фадил Рамадани и други.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион3 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија4 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија4 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија5 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија5 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија5 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија7 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет8 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет8 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија9 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија10 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија10 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава12 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија22 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија22 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија22 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија22 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија23 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион1 ден

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Досие