Топ
Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени – татко и син обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје – пиштол и започнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот се здобил со тешки телесни поврeди.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, бидејќи се уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување.
Македонија
„Како Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“, СДСМ најави нов скандал

СДСМ извести дека денеска ќе објави нов скандал, поткрепен, како што велат и со видео докази, „како Панче Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“.
„Брат да ми е ќе одговара? Дали е ова точно што го кажува Панче Тошковски или уште една голема лага? Дали роднините на партиските функционери од ДПМНЕ праваш што сакаат и никој не ги казнува“, прашуваат од СДСМ и додаваат дека за денеска за 11.30 часот е закажана прес-конференција, во седиштето на партијата.
Свет
Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа што многу од кардиналите ќе учествуваат на конклавата првпат.
На конклавата што ќе го избере новиот папа присуствуваат 135 кардинали, кои ќе се соберат следната недела во Сикстинската капела за да го изберат наследникот на папата Франциско, пишува денес „Гардијан“.
Голем број кардинали, кои ќе гласаат, беа назначени на конклавата од самиот папа во изминатите 12 години, а 20 функционери ја добија титулата кардинал дури во декември минатата година.
Многумина никогаш претходно не се сретнале.
Пред официјалниот почеток на конклавата во тек се разговори и лобирање во ходниците, трпезариите и во градините на Ватикан, пишува „Гардијан“.
Ватикански извори велат дека повеќе од 20 кардинали се идентификувани како можни кандидати за папа.
Сепак, бројот на оние што се квалификуваат како главни кандидати што поминуваат во повеќе кругови на гласање е мал.
Хорхе Марио Бергољо, вистинското име на папата Франциско, не беше разгледуван како еден од кандидатите во 2013 година, но сепак беше избран за поглавар на Римокатоличката црква на крајот од гласањето, потсетува „Гардијан“.
Меѓу кардиналите за кои се очекува да го поддржат конзервативниот наследник на папата Франциско се Рејмонд Бурк, американски бискуп, кој е поддржувач на претседателот Доналд Трамп, како и германскиот кардинал Герхард Милер.
Како што пишува „Гардијан“, кардиналите Жан-Клод Холерих од Луксембург, Тимоти Радклиф од Англија и Мајкл Черни од Канада се во таборот што ќе го поддржи прогресивниот кандидат.
Папата Франциско избра стотина кардинали за конклавата и се обиде тие да доаѓаат од многу мали католички области, како што се Иран, Алжир и Монголија.
Тој исто така се обиде да ја намали старосната граница за избор на кардинали, па седум од нив, кои беа назначени во декември, беа под 60 години.
Во 2013 година повеќе од половина од кардиналите на конклавата беа од Европа, сега тој процент се намали на 39 проценти, а 18 проценти се од Азија, 18 проценти се од Латинска Америка и од Карибите, а 12 проценти се од Супсахарска Африка.