Топ
Автомобил и камион се судрија на патот Куманово-Свети Николе, четворица повредени
Четворица луѓе се повредени во судир на автомобил „фолксваген пасат“ и камион вчера на регионалниот пат Куманово -Св.Николе, во атар на с.Градиште.
Тешко е повреден 20-годишниот возач на автомобилот, од светиниколското село Долно Ѓуѓанце, кој итно бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.
Во незгодата повреден е и возачот на камионот, како и двајцата сопатници во автомобилот, кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до православните христијани, нагласувајќи ги вредностите на мирот, солидарноста, семејството и заедништвото како темели на стабилно и праведно општество.
Претседателката Сиљановска-Давкова: И годинава, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честиташе големиот христијански празник Божиќ на сите православни верници, посакувајќи празничниот мир да завладее во секој православен дом. Таа истакна дека раѓањето на Спасителот претставува силна инспирација за добрина, меѓусебна помош и човечност.
Во својата порака, Сиљановска-Давкова повика на соборност и солидарност меѓу граѓаните, нагласувајќи дека заедништвото е клучно за напредокот на општеството.
„Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, истакна таа.
Мицкоски: Стабилната држава се гради врз здрави семејства
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својата божиќна честитка порача дека Божиќ е празник кој потсетува на суштинските вредности што го држат општеството заедно – семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит.
„Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит“, наведе Мицкоски, додавајќи дека Христовото раѓање нè враќа кон вредностите што со векови го обликувале карактерот на народот.
Тој нагласи дека силата на едно општество започнува во домот и дека стабилната држава се гради врз здрави семејства, а иднината се чува преку грижа за најмладите. Во време на брзи промени и бројни предизвици, според него, Божиќ е повик да се застане, да се размисли и да се врати кон солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот.
„Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание и средина во која ќе растат со јасни вредности и надеж“, порача премиерот, упатувајќи желби за мир, здравје и спокој во домовите.
Гаши: Божиќ како поттик за соживот и демократска стабилност
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во честитката по повод православниот Божиќ истакна дека овој празник е можност да се нагласи значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија како темелни вредности на институционалната и демократската стабилност на државата.
Во свое лично име и во име на сите пратеници, Гаши им посака на граѓаните мир, здравје и благосостојба во семејствата, истакнувајќи дека празничниот период треба да биде поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка.
„Среќен Божиќ“, порача претседателот на Собранието.
Свет
Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа
Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, наместо да заминуваат во европските земји, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и одредени очекувања за Украина. Тоа вклучува – и вие го знаете тоа, веќе разговаравме за ова во Брисел – дека Украина мора да биде организирана на таков начин што нејзините млади мажи ќе ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, а не да заминуваат во Германија, Полска или Франција, како што е случај сега“, нагласи Мерц во Париз по состанокот на Коалицијата на подготвените, пренесува „Укринформ“.
Според неговите зборови, тоа е очекување кое Украина „може и мора да го исполни“.
Украинската влада на седница одржана на 26 август ја ажурираше процедурата за преминување на државната граница. Мажите на возраст од 18 до 22 години сега можат непречено да ја преминуваат границата за време на воената состојба. Соодветните измени стапија на сила на 28 август, еден ден по официјалното објавување на резолуцијата.
Во Германија живеат околу 1,2 милиони Украинци. Нивниот број во последните години се зголемува, главно поради младите мажи помлади од 22 години, наведува украинската агенција.
Фото: Depositphotos
Македонија
Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

