Контакт

Топ

Автомобил се преврте на Плетвар

Објавено пред

Автомобил денес се преврте на планинскиот превој Плетвар, на патот кон Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, автомобилот го управувала 61-годишна жена која што била пренесена во прилепската болница, а тежината на повредите засега не е официјално потврдена.

Несреќата се случила околу 9.30 часот, кај селото Тројаци.

Жената е од Скопје.

Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Објавено пред

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ рече дека грчката страна бара почитување на договорот од Преспа. Тој вели дека обвинувањата од грчата опозиција се лажни и неодговараат на сложената ситуација.

dobivaj vesti na viber

„Како прво, нема апсолутно никакво молење од грчката страна. Грчката страна бара почитување на договорот. Добро знаете дека од моментот кога ќе се ратификува меѓународен договор во парламентите, тој добива сила над законите. Ниту една од двете држави не може еднострано да го ревидира овој договор. Значи, дури и кога не се согласува со она што е вклучено во договорот, мора да го спроведе. Сакам особено да укажам на различниот институционален третман во двете држави“.

Во врска со тоа што Грција сѐ уште нема ратификувано ниту еден меморандум, што е нивна обврска во согласност со договорот со Грција, Герапетритис го повтори грчкиот став дека тие ќе бидат ратификувани кога ќе дојде вистинскиот момент.

„Ќе ги донесеме во собранието, повеќепати сум кажал, кога ќе биде клучното политичко време, односно кога грчката страна ќе се увери дека има целосна усогласеност. Затоа што сите знаеме дека има точки што соседната земја не ги почитувала.

И, секако, не се повикувам на името, туку на други прашања. Сега да ви кажам што се случува со името. Најпрвин да ги видиме спецификите, институционалните. Името Република Северна Македонија стои во договорот од Преспа и според овој договор со член 20 прашањето за името не може да се менува под никакви околности. Па, тоа не е од оние работи што може да се менуваат дури и со меѓусебен договор.

Значи, нема апсолутно никакво прашање за измена бидејќи тоа беше договорено од двете страни и ратификувано и ги обврзува актуелниот грчки политички поредок и политичкиот поредок на Северна Македонија. Второ, во овој момент не е само притисокот што го врши Грција, тоа е притисокот што се врши во Северна Македонија.

Третото и најважно според мене е дека грчката страна реагира подготвено и со исклучително брзи рефлекси. Со иницијативи на МНР веднаш беа информирани надлежните од маѓународната заедницата. Имаше итна реакција и од претседателот на Европската комисија, од претседателот на Европскиот совет и од претставникот на Европската Унија, а во исто време има и меѓународен став. Со други зборови, многу земји дадоа соопштение во оваа насока. Значи, постои усогласена реакција.

И последно и важно, кои ќе бидат нашите следни чекори. Бараме почитување на договорот од Преспа. Тоа е меѓународно право и мора да се применува. Ќе ја конфигурираме рамката за да има целосна имплементација. Сите разбираме дека новото политичко раководство можеби има поинакво гледиште идеолошки, светогледно, но има и прашања што се надвор од нивната волја. Не се работи за самоопределување на секој политички функционер. Ние сите го разбираме ова, се работи за почитување на договорите и грчката влада ќе постапи во оваа насока, дозволете ми да кажам, сето тоа е институционално право што им се припишува на земјите членки на Европската Унија.

Што се однесува на Северна Македонија, услов за нејзиниот пристапен процес се лојалноста и спроведувањето на договорот од Преспа. Значи, ова е предуслов за да продолжат интеграциите“, изјави грчкиот министер за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Свет

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа ќе биде голема грешка

Објавено пред

Соединетите Американски Држави процениле дека Израел распоредил војници во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, во број доволно за да почне целосна офанзива, но високите американски претставници не се сигурни дали е донесена одлука, изјавија две официјални лица на американската администрација за Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Белата куќа верува дека израелската копнена офанзива во Рафа би била голема грешка и работи на итно воспоставување прекин на огнот, изјави во понеделникот американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан.

Во извештајот на Си-ен-ен се наведува дека администрацијата на Џозеф Бајден не е сигурна дали Израел донел одлука да го нападне Рафа по минатонеделното предупредување на американскиот претседател дека таквиот потег ќе ги поттикне САД да запрат понатамошна испорака на оружје.

Израел нареди евакуација на жителите од некои делови на тој град, кој израелската армија го означува како последно големо упориште на Хамас во Газа.

Се проценува дека повеќе од 350.000 луѓе го напуштиле Рафа, но стотици илјади останале во тој град.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи во Соединетите Американски Држави од Русија.

dobivaj vesti na viber

Оваа забрана за нуклеарно гориво ќе стапи во сила за 90-ина дена, но на Министерството за енергетика на САД му е дозволено да одобри исклучоци до 2027 година во случај да има загриженост за недостиг на гориво, пренесува „Ројтерс“.

Нацрт-законот исто така дозволува 2,7 милијарди долари за финансирање на изградбата на американската индустрија за нуклеарно гориво, чии 24 отсто од збогатениот ураниум што се користи во нуклеарните централи доаѓа од Русија.

„Претседателот Бајден озакони историска серија капацитети, кои ќе ја зајакнат енергетската и економската безбедност на нашата земја со намалување и на крајот елиминирање на нашата зависност од Русија“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој потсети дека станува збор за закон со кој се исполнуваат мултилатералните цели, што САД ги истакнаа во декември минатата година со Канада, Франција, Јапонија и Велика Британија со заедничка инвестиција од 4,2 милијарди долари за зголемување на капацитетот на овие земји во користењето ураниум.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, оцени дека овој закон ќе создаде шокови во меѓународната економија, но дека нема да ги донесе посакуваните резултати.

„Ќе биде нарушена деликатната рамнотежа меѓу извозниците и увозниците на ураниум. Животот потврди дека руската економија е подготвена за какви било предизвици и дека бргу реагира на тешкотиите, дури и извлекувајќи профит. Така ќе биде и овој пат“, пишуваат од руската амбасада на каналот „Телеграм“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет3 часа

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа ќе биде голема грешка

Соединетите Американски Држави процениле дека Израел распоредил војници во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, во број доволно...

Свет3 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија3 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет3 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет3 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија16 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија17 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ18 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија21 час

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија22 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија22 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет1 ден

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет1 ден

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...