Црна хроника
Автомобил удри во старец во Скопје
Седумдесетгодишен старец од Скопје е тешко повреден кога во него удрил автомобил „сеат“. Несреќата се случила на крстосницата од улица Александар Урдаревски со улицата Душко Поповиќ во Скопје, а со возилото управувал 46-годишен скопјанец.
Притоа, повредениот старец бил однесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нова сообраќајна несреќа во Скопје: прегазен пешак, возачот избегал
Додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на булевар „Партизански одреди“, во 13:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје автомобил „Ситроен“ удрил во маж и веднаш потоа избегал од местото.
„Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Црна хроника
Работник од Неготино бил удрен од вилушкар во фабрика, тешко е повреден
Во полицијата во Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со вилушкар, управуван од З.Б.(51) од Неготино, бил удрен вработениот Б.И.(26).
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид.
Црна хроника
Тешко повредено 17-годишно дете во напад на автобуска постојка во Центар
Синоќа од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од скопско.
Според пријавеното, на автобуска постојка на подрачјето на Центар тој бил физички нападнат од неколку лица, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.