Црна хроника
Автомобил удри малолетник во Скопје, тешко повреден однесен во болница

Тешко повреден малолетник кога во него удрил автомобил на улицата Гвадалахара во Скопје.
Според информациите, несреќата се случила на 7 мај, а возилото го управувал Д. К. (24) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за вработен во УЈП, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’.
На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното.
Црна хроника
Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик.
Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари.
Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.
Црна хроника
Приведен крадец во Битолско, одзел нафта и масло од фирмата во која работел

Вчера во 22.30 часот во с.Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н.(42) од с.Живојно поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.
При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.
Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.