Топ
Агресивен скопјанец се обидел да нападне лекар во Поликлиниката Драчево
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/policija-ilustracija.jpg)
Денеска во раните утрински часови, поточно во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје.
Според полицијата, тој агресивно се однесувал кон лекар во Поликлиниката Драчево.
Имено според пријавеното, тој околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.
Бил приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/bojko-borisov.jpg)
Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание.
Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во врска со изјавата на Мицкоски во Собранието дека не гледа причина за вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, јави БГНЕС.
Борисов истакна дека бугарското МНР одговорило соодветно на провокацијата, според медиумот.
Македонија
За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/IJZ-grip.jpg)
Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што е за 5,1 проценти помалку во споредба со претходната недела.
Според податоците на Инстутот за јавно здравје, во однос на истата недела минатата годинa, сега е забележано зголемување за дури 53,6 проценти.
Од заболените оваа недела, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години. 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возрст од 0 до 4 години, 272 кај лица над 65 години, информира директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Најмногу пријавени случаи на грип има во Скопје по што следуваат Струмица, Битола и Свети Николе.
Во однос на вкупниот број на заболени оваа сезона, досега има пријавено 11.614 лица, што во споредба со мината година претставува зголемување од 10,2 проценти.
„Како заклучок може да се констатира дека се забележува зголемување на бројот на зболени од вируси слични на грипот, кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени покажуваат дека има широка географска активност на вирусот, а проценот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Во согласност со податоците, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период“, рече Андоновска.
Бројот на заболени е зголемен и во регионот и во другите европски земји.
Македонија
АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/market-so-logo.jpg)
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите синџир-супермаркети, дисконти и хипермаркети. Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување контроли во деликатес-одделите и месарниците, како и во месарниците што изработуваат свежи подготовки од месо.
Покрај ова, се контролира и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилникот. Контролирани беа и водењето записи за НАССР и добра производствена и добра хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени беа и магацините на операторите.
Донесени се 47 решенија за утврдени недоследности, изречени се 29 глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра во денарска противвредност. Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана и сл. Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, добра хигиенска и добра производствена пракса. Кај 4 оператори најдени се несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.
Нештетно се уништени 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.