Топ
Албанец баран од Интерпол нападнал македонски полицајци додека го апселе на „Долно Блаце“

Синоќа во 20:45 часот на граничниот премин „Долно Блаце“ е уапсен Албанец баран од Интерпол.
„Од полициски службеници е лишен од слобода Н.Н.(45) од Р.Албанија затоа што по извршена пасошка контрола е констатирано дека истиот во службената евиденција евидира со мерка „Апси” издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол при МВР. Исто така Н.Н. физички нападнал полициски службеници при вршењето на службените дејствија. Лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците.
Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата „Народен фронт“, наспроти угостителскиот објект „Интермецо“.
Оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.
Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина.
Општина Центар потсетува дека, и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.
Во таа насока, Општина Центар бара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.
Општината ја користи оваа прилика да го изрази своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање“.
Македонија
Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2 години, заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари. Тендери за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити. А денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски, да му се досуди куќен притвор. 100 милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС“, велат од партијата.
Наместо да ги казнува криминалците,смета ВМРО-ДПМНЕ, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат.
Свет
(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше издадено и во Индонезија по земјотресот.
Досега е пријавен еден смртен случај. Една жена загина кога ограда паднала врз неа.
Mapua School in Davao City, Philippines during 7.4 magnitude earthquake
Students take cover pic.twitter.com/9i7SmbgNsv
— Re:Flex (@re_flex_world) October 10, 2025
Филипинската сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами, советувајќи ги жителите во блиските крајбрежни области да се евакуираат на повисоки места или подалеку во внатрешноста.
Агенцијата Фиволкс предупреди на штети и последователни потреси по силниот земјотрес на море, кој се случи на длабочина од 10 км во водите покрај градот Манај во Давао Ориентал во регионот Минданао на Филипините.
Фиволкс изјави дека во следните два часа може да се очекуваат бранови повисоки од еден метар над нормалната плима.
Индонезија издаде предупредување за цунами за северните региони Сулавеси и Папуа по земјотресот на Филипините, соопшти геофизичката агенција на Индонезија, предвидувајќи ризик од бранови високи до 50 см што ќе го погодат брегот на Индонезија.