Црна хроника
Албански државјанин и гостиварец ограбувале куќи на луѓе што работеле во странство

Полицијата во Гостивар расчисти 50 тешки и два обида за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К. (30) од Албанија и И.А. (26) од Гостивар.
Двајцата пријавени се сомничат дека пет кривични дела извршиле во 2017 година, а 47 годинава на разни локации, претежно во Гостивар, Горна Бањица, Дебреше, Чегране, Врапчиште, Градец, Чајле, Мало Турчане, Балиндол, Форино, Топлица, Равен, населбите Фазанерија, Грудајца и на други места.
Според информациите на МВР, осомничените Р.К. и И.А, кои заедно работеле во производна работилница во Гостивар, искористувајќи го отсуството на сопствениците, претежно провалувале во куќи на привремено вработени во странство, најчесто краделе златен накит, пари, облека, мобилни телефони, бижутерија, часовници и други технички поизводи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.