Топ
Алжирци со украдено возило бегале од полицијата, едниот скокнал во Вардар
Вистинска бркотница на скопските улици се случувала рано изутринава кога двајца Алжирци со украдено возило бегале од полицијата по што едниот скокнал во Вардар. Како што информира МВР, изутринава во 3.40 часот на булеварот Јане Сандански во Скопје, возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон железничката станица.
Веднаш биле упатени дополнителни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило кон булеварот Гоце Делчев во правец кон крстосницата со улицата Беласица. Во близина на МТВ возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец кон населбата Керамидница и набргу возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардиниери и запрел.
Притоа повреди добил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар во обид да им избега на полициските службеници. Набргу бил изваден од реката по што и двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир. Возилото што го управувале го одзеле во текот на ноќта од селото Градец, Валандовско. Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух
Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух.
Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата.
✈️Moment of the crash of the Russian military transport aircraft An-22 https://t.co/TnvYdBNXB9 pic.twitter.com/7u5xoRh2wx
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 14, 2025
Се верува дека инцидентот е предизвикан од технички дефект на авионот, кој е во употреба повеќе од 50 години, објави подоцна деловниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори. Тасс соопшти дека авионот бил на закажан лет по поправките и се урна во близина на резервоар. Остатоците од авионот се пронајдени во водата.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Свет
(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер
Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј.
„Она што го видовме вчера беше чин на чисто зло“, рече австралискиот премиер Ентони Албанез.
„Тоа беше чин на антисемитизам, чин на тероризам на наша почва, на една од најзначајните локации во Австралија – плажата Бонди“.
Тој рече дека местото ќе биде „засекогаш обележано“ од „злобата“ на антисемитизмот.
Тој додаде дека знамињата низ целата земја денес ќе бидат спуштени на половина копје.
„Вчера беше навистина мрачен ден во историјата на нашата нација. Но, ние како народ сме посилни од кукавиците што го направија ова“, рече Албанез.
Тој продолжи: „Австралија никогаш нема да се предаде на поделбите, насилството или омразата и заедно ќе излеземе од оваа трагедија. Нема да им дозволиме да нè поделат како нација.“

