Црна хроника
Артилериски гранати од Првата светска војна пронајдени во Прилепско и во Отешево
Во прилепското село Присад вчера била пронајдена неексплодирана артилериска граната во калибар 105 мм од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната. Увид бил извршен.
Раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување – Ресен вчера пријавил дека од место наречено Чертикамен, во туристичка населба Отешево, била пронајдена артилериска граната во калибар од 75 мм од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од нивна страна. Увид бил извршен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.