Црна хроника
Бегалец од „Идризово“ убил скопјанец со нож, полицијата го фати
Полицијата го расчисти случајот со убиството со нож врз 64-годишен скопјанец што се случи на два дена пред Новата година на улицата 1737 во Скопје.
За убиството приведен е 39-годишен тетовец со иницијали Ф.У. Станува збор за осуденик од Идризово кој во тој период бил во бегство, велат од МВР.
Полицијата ги објави деталите за случајот.
„Денеска (25.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „Убиство“ предвидено и казниво по чл. 123 од КЗ на РСМ, извршено на 29.12.2022 на ул. „1737“ во Скопје, кога Ф.У. со употреба на остар предмет – нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.
Имено, по добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У. (лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство). Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото“, се наведува во извештајот на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

