Црна хроника
Бегале од полицијата со возило полно мигранти
Осум мигранти се најдени во патничко возило со косовски таблички во близина на селото Богородица. Во возилото, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, најдени се седум мигранти од Сирија и едно лице од Египет. Возилото било управувано од 36-годишен државјанин на Косово.
Заедно со ова возило се движело и друго возило кое не застанало, а во него имало уште осум мигранти.
„Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с. Богородица сопреле патничко возило сеат алтеа со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово. При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет. Заедно со возилото сеат алтеа се движело и патничко возило ауди без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство“, стои во информацијата од МВР.
З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Црна хроника
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат во маркет на подрачјето на општина Центар.
Пензионерот случајот го пријавил во скопската полиција.
МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот и идентификација на напаѓачот.
Црна хроника
Тетовец се сомничи за измама: зел капар од 1.200 евра, а нарачката никогаш не ја испорачал
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник од Тетово, осомничен дека измамил маж од кичевско кој во април годинава преку страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ договорил нарачка.
Жртвата платила капар од 1.200 евра, а рокот за испорака бил еден месец. И покрај тоа, осомничениот не го исполнил договореното и не ја испорачал нарачката, по што случајот бил пријавен во полиција.

