Топ
Беровец дивеел во кафеана – се заканувал со нож и сакал да предизвика пожар

Утрово по полноќ бил приведен Б.К.(39) од Берово поради предизвикување општа опасност.
МВР соопшти дека тој пред угостителскиот објект во Пехчево со нож се заканувал кон присутните и истурил течност по инвентарот со намера да предизвика пожар, но бил спречен од полициски службеници.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во фирмата „Нула отпад“, но не соопшти дополнителни детали.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112 и дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се веќе на терен, каде гори фабрика за пластични работи.
Повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека се одбрани кандидати кои во изминатите четири години покажале добри резултати, но и нови профилирани личности од своите средини. „Партијата е целосно мобилизирана и очекуваме голема победа,“ нагласи тој.
Сајкоски додаде дека советничките листи се изработени врз основа на предлози од месните и општинските комитети и дека, според анкетите и анализите, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе советници и градоначалници отколку на изборите во 2021 година.
„Граѓаните го ценат квалитетот на понудените кандидати и трудот што е вложен во изминатиот период. Работата и резултатите ќе бидат наградени на изборите,“ рече Сајкоски.
Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет за сите кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори закажани за 19 октомври.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.