Црна хроника
Бојно гаѓање утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид
Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре, од 8 часот, на стрелиштето „Бејбунар“, ќе спроведе вежбовна активност за бојно гаѓање.
Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво „Охрид“, ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“.
Пред почетокот на бојното гаѓање полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на бојното гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.
Од таму апелираат граѓаните што се движат кон стрелиштето „Бејбунар“ да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон насоките на полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.