Црна хроника
Велешанец ја силувал поранешната сопруга
Велешанец е осомничен дека ја силувал поранешната сопруга. Според првичните информации од велешкото Обвинителство, тој ја начекал жената пред зградата каде што живеела и на сила ја внел во станот, почнал да ја кубе за косата и ѝ рекол дека ќе има сексуален однос со неа милум или силум.
Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице на возраст од 32 години поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело силување.
„На 9.3.2019 година тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за косата и ја стегал за вратот велејќи ѝ дека ќе има сексуален однос со неа милум или силум. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот ѝ ја скинал кошулата и ја силувал. Таа се обидувала да се одбрани удирајќи го по нозете, градите и рамената“, соопшти Обвинителството.
На осомничениот му е определен притвор од 30 дена поради опасност да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

