Црна хроника
Патник повредил контролор во ЈСП
Триесет и двегодишен патник повредил контролор во автобус на ЈСП обидувајќи се да се избега од автобусот затоа што немал билет.
Според информациите на полицијата, инцидентот се случил вчера на автобуска постојка на булеварот Партизански oдреди.
При излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билетот, го турнал В.С. (43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој добил тешка телесна повреда.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември“. М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.