Црна хроника
(Видео) МВР: 98 товарни возила упатени на вонреден технички преглед
Во текот на вчерашниот ден (7.2.2023), во периодот од 8 до 12 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување товарни моторни возила.
При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед, од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило, и тоа: 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди.
При контролата санкционирани се и 121 останат прекршок. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот.
По преземени мерки, бил пронајден и приведен во полициската станица.
Црна хроника
Жена ограбена пред банкомат во Дебар, осомничениот приведен
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против К.М. (23) од селото Могорче, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Според полицијата, на 19.11.2025 тој забележал жена од Дебар како подига пари од банкомат, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал. Набрзо бил пронајден и приведен во полициската станица.
Црна хроника
Сопственик на продавница во Дебарца не им дозволувал на инспекторите да влезат во контрола, повикана полиција
Во полицијата вчера било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, 51-годишниот Г.С. спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект.
Инспекторите побарале полициска асистенција, по што биле преземени службени мерки и разговори со сопственикот.
По интервенцијата, тој им овозможил на инспекторите да ја извршат контролата.

