Црна хроника
(Видео) 13 прекршувања на забраната за движење, 375 санкции за неносење маска
Од 00:00 часот до 4:00 часот (18.5.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (17/18.5.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 375 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја тепал со тупаници, па ја задавил вонбрачната партнерка: обвинение против 33-годишник за убиство при семејно насилство во Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело убиство во согласност со член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.
Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Кучиња скитници искасале две лица во Скопје
Ноќеска во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Киров -Мајски“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Д.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
20-годишник тешко повреден: со возилото излетал од патот
Во Полициската станица Радовиш вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.