Црна хроника
Влегла во две куќи и украла пари и предмети: приведена кумановка

Вчера, во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М. З. (25) од Куманово поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.
Некои од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.
М. З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје.
При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана што ќе биде предмет на вештачење.
Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата приведени за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело Убиство, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Според обезбедените докази во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела Убиство од одмазда и по порачка за кое е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот. Така, тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец. Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина при што повредиле други лица од кои едно лице починало“, соопшти обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за тројца од осомничените до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека за еден осомничен предлог за определување мерки на претпазливост.
Црна хроника
Ученик нападнат со нож во двор во училиште на Бит-пазар

Соученици нападнале дете во двор во училиште на Бит Пазар.
Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, уапсени шест лица во Тетово

Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик.
При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од с.Горно Палчиште, тетовско, Р.А.(37) и Б.З.(64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“ по член 279-б од Кривичниот законик.
При контролата, како што соопшти МВР, кај овие лица биле пронајдени и одземени вкупно 453 штеки разновидни цигари и 199 килограми разновиден тутун.
Полицијата соопшти дека лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави.