Црна хроника
Возило излетало од патот во Делчево, три лица повредени

Во 00.43 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано „Баткова чешма“ во Делчево, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.А.(24) од Македонска Каменица, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.А. и неговиот сопатник Н.Ј. (26) од Македонска Каменица, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Р.А.(27) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 28-годишник од Гостивар: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Сообраќајка во Скопје, тешко повредена жена од Кумановско

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од село Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А.(48) од Скопје.
Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Жена од Пробиштип измамена за 1.434.000 денари: и рекле дека наследила 590 илјади евра, но ќе мора да плати одредена сума пари

Вчера во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56-годишна жена од Пробиштип пријавила дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари.
Според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари.
Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон.
Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение, биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.