Црна хроника
Возило излета од патот Битола – Ресен, едно лице почина
На 28.11.2022, во 23.55 часот, во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, на местото наречено Макази, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С. Ш. (21) од Ресен, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил В. М. (28) од с. Јанковец, Ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата.
Телесни повреди добила С. Ш.. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициската станица Ресен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет
Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.
Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот око.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје за „Макфакс“.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.