Црна хроника
Возило излета од патот и удри во канделабер, две лица повредени

Изутринава, во 2 часот, било пријавено дека на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Н. (29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабер.
Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката М. А. (27) од Скопје, констатирани во комплексот клинки „Мајка Тереза“, а телесни повреди добил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен би увид на местото на нeзгодата од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец удрил во полициско возило, фатен е и приведен

Приведен е кавадарчанец кој со својот автомобил удрил во полициско возило.
– Вчера во 13.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(33) од овој град, затоа што при обид да биде легитимиран, А.С., кој бил во паркирано патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, го стартувал возилото и со него удрил во полициско службено возило, појаснија од СВР Велес.
По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.
Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Полицијата најде дрога при претрес на куќи во Кавадарци и Велес

Полицијата приведе две лица од Велес и Кавадарци, откако при претреси во нивните домови била пронајдена дрога
Вчера во 7:50 часот, лишен од слобода бил 47-годишниот А.Д. При претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја.
– А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство – Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено – поправна установа „Затвор – Скопје“, велат од МВР.
Подоцна, во 13 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А., на возраст од 31 година. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.
– Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.