Црна хроника
Возило на австриската полиција учествувало во сообраќајка во Гевгелија, повредена е малолетна девојка
Вчера во 15:00 часот било пријавено дека во Гевгелија, на крстосницата од ул. Таља Бикова со ул. Маршал Тито, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген транспортер“, со австриски национални ознаки, сопственост на австриската полиција, управувано од С.О.(26), полициски службеник од Р Австрија и патничко возило „опел мерива“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Гевгелија.
Во незгодата, како што соопшти МВР, со повреди се здобила малолетна сопатничка од Гевгелија од возилото „опел мерива“, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Притоа бил извршен и увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Гевгелија, информираат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

