Црна хроника
Возило удрило во 18-годишно лице и побегнало
Денеска, околу 1.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека околу 18.50 часот, на 9.1.2023, на крстосницата на улиците 29 Ноември и Видое Смилевски-Бато во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во 18-годишната Е. Н. од тетовско Слатино и го напуштило местото.
Во несреќата Е. Н. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.