Црна хроника
Возило удрило во 34-годишен пешак и побегнало од местото
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на локален пат во с.Долна Бањица, гостиварско, патничко возило удрило во пешакот М.С.(34) од с.Долна Бањица, по што возачот заедно со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Битола
Вчера во 11.07 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.,,Македонска фаланга“ во Битола, патничко возило „застава 101“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(67) од Битола, удрило во Д.М.(68) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Две лица повредени кога возило излета од патот
Во Полициската станица Виница вчера околу 06.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Првалец – с.Смојмирово, на место викано „Горна Осојница“, патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(53) од Берово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(22) од Берово, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани и Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Фатени двајца бегалци од затвор
Вчера околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица.
И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.