Контакт

Топ

Возило удри во шестгодишно дете во Прилеп

Објавено пред

Возило управувано од 50-годишен прилепчанец вчера удри во шестгодишно дете на улицата Војводинска.

dobivaj vesti na viber

Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп, јави МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Објавено пред

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување преку порака или на имејл, ќе може да си проверат дали имаат казна. Министерството за внатрешни работи подготвува мобилна апликација, која ќе им биде достапна на возачите откога многумина пријавија дека направиле прекршок, но предупредување не добиле ниту во порака ниту на имејл, па стравуваат дека казната ќе заврши кај погрешен возач и нема да може да ја платат во предвидениот рок кога ќе почне целосно да функционира системот.

dobivaj vesti na viber

„Набргу е предвидено да почне да функционира мобилна апликација, која ќе биде достапна во ‘Гугл стор’, ‘Ап стор’, а исто така и на интернет, на која граѓаните ќе може да се најават и да проверат повеќе компоненти поврзани со ‘Безбеден град’ – имејлот и мобилниот телефон оставени за нивното возило, како и историја на сторени прекршоци од нивна страна. На самата апликација ќе има можност граѓаните да ги ажурираат оставените податоци за контакт, како и да остават забелешки доколку имаат за нив“, велат од МВР за „Макфакс“.

Од таму не одговорија конкретно на прашањето од „Макфакс“ дали камерите постојано снимаат и ги бележат сите возачи што ќе направат прекршок оти има граѓани што се сигурни дека направиле прекршок, а известување од МВР не добиле, но нагласуваат дека за почеток системот детектира само четири прекршоци, односно непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.

Додека почне да функционира апликацијата, граѓаните одговори на прашањата поврзани со „Безбеден град“ ќе може да побараат на шалтерот во зградата на МРТ, кој од денес е во функција. Отворен ќе биде секој работен ден од 8 до 17 часот. Граѓаните на шалтерот ќе може да поднесат барање за промена на контакт-податоците, кои ги доставиле при регистрација на возилото, ќе може да пријават промена на податоците или да ги исправат во случај да добиле известување за прекршок со неточни податоци.

Ажурирање на податоците може да направат и во станиците за технички преглед на возилата, а во функција е и електронската пошта [email protected] за забелешки, нејасности, прашања и проблеми со функционирањето на „Безбеден град“.

Прикажи повеќе...

Македонија

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ги евидентира и следи имотната состојба и интересите.

dobivaj vesti na viber

Во согласност со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на локалните избори 2025 година имаат обврска најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотната состојба и интересите, информираат од таму.

Потенцираат дека во согласност со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, тие имаат обврска да поднесат изјава за имотната состојба.

„ДКСК изврши проверка во регистерот на имотната состојба и интересите и ја констатира следната состојба:
– 35 лица по престанокот на функцијата градоначалник немаат поднесено изјава за имотната состојба и интересите и
– 19 лица по изборот на функцијата градоначалник немаат поднесено изјава за имотната состојба и интересите, а
за кои ќе иницира постапки во согласност со законот со издавање прекршочен платен налог.

ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“.

(табели со лица што немаат поднесено изјава за имотната состојба и интересите според ДКСК)

Прикажи повеќе...

Македонија

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Објавено пред

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како градската власт ја сфаќа одговорноста кон јавните институции – како партиски ресурс, коалициски плен, места за негување хирови и амбиции на партиски кадри.

dobivaj vesti na viber

„Откога за в.д. директор на ЈП ‘Градски паркинг’, градоначалникот Ѓорѓиевски назначи лице што ВМРО-ДПМНЕ претходно го обвинуваше за сериозни злоупотреби, сега оди чекор подалеку, со намера на чело на Зоолошката градина да постави лице осудувано за кривично дело поврзано со животни.

Наместо транспарентна постапка, стручност и интегритет, сведочиме на обид за инсталирање лице со сериозно контроверзно минато на чело на установа, која со години е симбол на негрижа, скандали и трагични последици врз животните. Фактот дека станува збор за поранешен партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, со судски утврдени дејства поврзани со измама со животни, отвора сериозни прашања за моралниот и етичкиот компас на градската власт, но и за мотивите зад ваквото назначување“.

Според оваа партија, по сите пцовисувања, извештаи за лоши услови, институционален хаос и целосна загуба на довербата кај јавноста, Зоолошката градина, како што додаваат, има потреба од радикална професионализација, „а не од политичка рехабилитација на кадри како Стево Ќирков (Стефан Кирков) со дамки во биографијата.

Во согласност со информациите, лицето Стево Ќирков неодамна било осудено на условна казна за измама со животни, односно за тоа што измамувал граѓани продавајќи им кучиња за 600 евра, без да им обезбеди педигре, иако претходно тоа било ветено. Во самата пресуда, врз основа на сведоштва, се наведува дека ова лице било познато и по други слични измами на повеќе лица. Дополнително, во 2021 година Ќирков издржува и три месеци затвор поради непокриени трошоци во друга судска постапка“.

Прашуваат дали против ова лице во моментот се води и друга истрага за кривично дело.

Бараат итно преиспитување на оваа намера од страна на Ѓорѓиевски.

„Јавниот интерес, безбедноста и благосостојбата на животните мора да бидат над партиските калкулации и амбициите на партиските другари“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија3 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија4 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија4 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ5 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ5 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија6 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет6 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет7 часа

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија19 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија1 ден

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија1 ден

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ1 ден

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...