Црна хроника
Воз удри во автомобил со прилепчани: две лица со повреди се пренесeни во болница

На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп.
Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.
Црна хроника
Ѝ одзеле нож со остатоци од кокаин, а дома ѝ нашле амфетамин, кривична против 36-годишна скопјанка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 06.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што е пронајден и одземен нож со остатоци од кокаин и прашкаста материја, а при извршен претрес во домот на пријавената е пронајден и одземен амфетамин, соопшти полицијата.