Црна хроника
Во возило пронајден амфетамин, осомничениот се обидел да го исфрли кога ја видел полицијата
Јавен обвинител од скопското Обвинителство поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Кај обвинетиот полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес во возило во кое биле повеќе лица, пронашла едно полиетиленска пакување со супстанција амфетамин во вкупна нето-маса од 41,59 грам. Кога возилото било запрено, осомничениот, кој седел зад совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцијата, но во тоа не успеал.
При преземање натамошни истражни дејства извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. Притоа пронајдени се 39 таблети метилен-диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога марихуана и прашета материја, која претставува психотропна супстанција – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело што му се става на товар.
Со поднесување на обвинението јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот бидејќи ценеше дека постојат оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

