Црна хроника
Во Дихово пронајдена артилериска граната
Вчера во 11.55 часот во СВР Битола, А.Н. пријавил дека при изведување на градежни работи во селото Дихово пронашол артилериска граната од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од вработени во Дирекцијата за заштита и спасување. Извршен е увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Деца со мотор излетале од патот, едното тешко повредено
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна незгода со мотор што се случила вчера напладне.
Според информациите од МВР, во селото Криволак, Неготинско, мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од малолетник од селото излетал од патот.
Тешко повреден е неговиот сопатник од истото село, додека момчето кое управувало со моторот поминало само со полесни повреди.
Извршен е увид.
Црна хроника
Приведен малолетник во скопски Аеродром, полицијата му нашла боксирач
Синоќа на подрачјето на општина Аеродром, полицијата приведе малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
Топ
19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти
Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 19-годишниот Е.Ф. од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.
Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина.
Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.