Топ
Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот.
Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од државната разузнавачка агенција на земјата.
Според Ројтерс, повикувајќи се на јужнокорејски медиуми, дополнителни војници се испратени на боиштата во руската област Курск. Руските сили се борат против украинските сили кои ја поминаа границата во западниот руски регион во август минатата година.
Канцеларијата на портпаролот на Националната разузнавачка агенција на Јужна Кореја сè уште не ги коментираше наводите.
Според гореспоменатата јужнокорејска агенција, Северна Кореја распоредила повеќе од 11.000 војници во Русија за да се борат во војната во Украина. Украина и западните експерти посочуваат дека руските сили користеле и севернокорејско оружје.
Северна Кореја официјално не ја призна воената поддршка за Русија во украинската војна.
Свет
Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во НАТО.
Одговарајќи на новинарски прашања за руската агресивна војна и пристапувањето на Украина во НАТО, Трамп рече дека дискусијата за влез во алијансата веројатно е причината поради која започнала целата работа, веројатно мислејќи на војната во Украина.
Украина, која веќе три години се брани од целосна руска инвазија со поддршка од Западот, долго време се обидува да се приклучи на споменатиот воен сојуз. Русија постојано тврдеше дека НАТО ја загрозува нејзината безбедност и ја оправда својата инвазија на соседната земја со спречување на Украина да се приклучи на алијансата.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс истакна дека Трамп е „превентивно обвинет“ дека направил отстапки за Русија.
На состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел пред две недели, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека администрацијата на Трамп не верува дека членството на Украина во НАТО е реален исход од договорениот крај на војната.
Алијансата минатата година ја увери Украина дека е на „неповратен пат“ кон членство, се вели во завршниот документ од самитот на НАТО во Вашингтон во јули.
Македонија
Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК била добиена пријава од чешки планинар – скијач дека негов колега исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош.
„По примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повредениот на крајот од денот, пред да настапи ноќта, кога студот и видливоста се засилуваат и заради мракот и заради магла на одредени места, веднаш раководителот на РЦУК Тетово стапил во контакт со Националниот „Парк Шар Планина“ од каде што известиле дека тие стапиле во контакт со Горската спасителна служба на Попова Шапка, од каде потврдиле дека ги добиле координатите за локацијата на повредениот планинар. Потоа итно се упатиле со специјализирано возило за движење по длабок снег – „ратрак“, за да го извлечат повредениот планинар од местото на несреќата и да го превезат до центарот „Попова Шапка“. Кон тоа место на преземање на повредениот, паралелно со нивната спасителна акција за извлекување од повисоките снежни делови на Шара, од Итната медицинска помош од Тетово испратиле амбулантно возило за со него да биде пренесен повредениот до Клиничката болница во Тетово. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, покрај ЈП „Национален парк Шар Планина“ и Итната медицинска помош, за настанот биле известени и „Елем Турс“ – државната компанија што стопанисува со Попова Шапка, Полициска станица (ПС) Попова Шапка, а и Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) Тетово“, истакнуваат од ЦУК.
Од ПС Попова Шапка, на почетокот на ноќта, во ЦУК била добиена повратна информација дека повредениот бил безбедно извлечен од планинскиот снежен повисок дел на Шара и на првата можна точка за преземање на асфалтен пат бил префрлен во возилото на Итната медицинска помош со што почнал транспортот, со медицински надѕор и нега според потребите, до клиничката болница во Тетово.