Црна хроника
Во Куманово приведени две лица по распишани потерници
Полициски службеници од СВР Куманово вчера и денеска лишиле од слобода две лица за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи.
Имено, вчера, во 10 часот, врз основа на судска наредба од Основниот суд Гостивар, бил лишен од слобода З. С. (70) од Куманово.
Тој се барал со потерница за издржување мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело измама, казниво по член 247 ст. 4 в. в. ст. 4 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Денеска, пак, во 8.30 часот, врз основа на судска наредба од Основниот суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р. Х. (60) од с. Сопот, Кумановско.
Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фрлил кеса и се обидел да побегне: полицијата приведе малолетник и 27-годишен маж
На 10 декември 2025 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 16-годишник и А.М. (27), двајцата од Македонска Каменица.
При службени дејствија, полицијата ги затекнала на место викано „Горен водопад“ на реката Каменичка, каде што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. На местото биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка.
Подоцна, со судска наредба и во присуство на неговиот татко, извршен бил претрес во домот на малолетникот, при што доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.
За случајот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Повреден маж во пожар во куќа во Шуто Оризари
На 11 декември 2025 година, околу 05:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на Д.Р. (31) од Скопје.
Сопственикот се повредил при излегување од објектот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид.
Црна хроника
Млад мопедист повреден кога излетал од патoт кај Дојран, му биле измерени 1,60 промил алкохол
На 11 декември 2025 година, околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот.
Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

