Црна хроника
Во Куманово се степале мигранти, едно лице прободено со нож

Еден мигрант е повреден со нож во тепачка со други мигранти што се случила на Железничката станица во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест мигранти на железничка пруга во Драчево.
По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му украле пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец бил удрен со возило во дворот

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.
„Рано утрово во 00:30 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди“, појаснија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.
Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен штипјанец кој „летал“ со 252 км/ч или двојно повеќе од дозволеното

36-годишниот Г.Ј. од Штип вчера беше приведен од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија откако на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково возел со неверојатни 252 километри на час.
Како што информира МВР, возачот управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, и тоа на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.