Црна хроника
Во Кумановско уапсени Авганистанци, кои нападнале и ограбиле Индиец
Во атарот на кумановското село Табановце, полицајци од Регионалниот центар за гранични работи, во соработка со колеги од Полициската станица за граничен надзор Сопот, вчера уапсиле двајца мигранти од Авганистан, А. С. (31) и Д. М. (25).
Како што информираат од МВР, за Авганистаниците постои основано сомнение дека извршиле разбојништво врз 28-годишен мигрант од Индија со иницијали Г. С. Г.
По преземените мерки и по извршен разговор со Индиецот, било утврдено дека Авганистанците физички го малтретирале и му одзеле пари.
Имено, тие го повредиле 28-годишникот, откако со сериозна закана и со употреба на нож и на тврд предмет го удриле во пределот на главата.
По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и му се заканиле по неговиот живот, ако не им ги даде сите пари што ги има.
Разбојниците му одзеле 440 евра, а потоа повторно почнале да го удират Индиецот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати пари преку апликацијата Money Gram во износ од 2.300 евра за да биде ослободен.
По преземените дејства од страна на полицијата, украдените пари биле пронајдени кај Д. М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција на македонска територија и имале намера преку Србија да заминат кон ЕУ.
Основниот суд во Куманово го прифатил предлогот на јавниот обвинител кој постапува во предметот и на осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

