Црна хроника
Во нива пронајдени гранати, рачни бомби и ракетен фрлач
Гранати, рачни бомби, куршуми и ракетен фрлач биле пронајдени вчера во нива во селото Матејче.
Како што јави полицијата, во нивата имало гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач (РРФ) со цевка кородиран, основа за истиот, еден дигитален нишан со метална кутија и една основа за него.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.