Црна хроника
Во подрум од куќа најдени тела на три бебиња – мајката обвинета за убиство и инцест, уапсен нејзиниот татко, Полска е згрозена
Грозоморно злосторство се случило во Полска. Полицијата откри три тела на новороденчиња во подрум на една од куќите во Черники, Полска, соопшти обвинителството. Приведената мајка (20) доби кривична пријава за убиство.
Како што неофицијално пренесуваат полските медиуми, мајката е обвинета за убиство на деца и инцест, а наскоро ќе биде обвинет и нејзиниот 54-годишен татко.
Полицијата во петокот вечерта пронашла едно мртво новороденче во подрумот на куќата, а по натамошното пребарување било пронајдено уште едно тело на новороденче во напредна фаза на распаѓање, па не можело веднаш да се утврди кога и како починало. Полицијата на крајот пронашла и трето мртво бебе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.
Црна хроника
71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт
Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.
Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.
„Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.