Црна хроника
(Видео) Уапсени тројца македонски државјани кои биле припадници на ИСИС
Полицијата приведе тројца македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територијата на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава – ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејства.
„Во изминатиот период, лицата О. С. (28), Р. С. (33) и М. Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територијата на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија. Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О. С. и Р. С., каде што се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди, кои може да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.
Во согласност со обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело служба во непријателска војска предвидено во член 322 од Кривичниот законик“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во стан во Струга
Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

