Црна хроника
Во Скопје за еден ден „пајакот“ кренал речиси 90 возила
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи, од кои 22 управувале возило без да стекнат право за управување моторно возило, еден управувал возило под дејство на алкохол и двајца биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 23 возила бидејќи 18 возила биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четворица поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување возила на крстосница, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 44 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди, во кои четири лица добиле телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

