Црна хроника
Во Скопје изминативе два дена 16 сообраќајни несреќи и 15 повредени
Во текот на изминатите денови (22 и 23. 10. 2018 година) на подрачјето на Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди, од кои три со тешки телесни повреди, девет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица добиле тешки телесни повреди и 12 лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 55 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 42 возачи, од кои: 13 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 27 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 29 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување и двајца возачи поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 146 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

