Црна хроника
Во сообраќајка во Велес, дете меѓу повредените
Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Велес, на улицата Вардарска, меѓу автомобил „нисан“, во кој се наоѓало и 10-годишно дете, и возило „фолксваген голф“ во кој имало и двајца сопатници.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „голфот“, а останатите лица се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уште еден пешак тешко повреден при удар од автомобил вчера во Скопје
Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје.
Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Само 20-на минути порано, била пријавена и сообраќајката во која пешак се здоби со тешки повреди кај гимназијата Јосип Броз Тито.
Како што претходно објави „Макфакс“, во оваа несреќа, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје.
И во двете несреќи извршен бил увид.
Црна хроника
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал во продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот.
По преземени мерки, бил пронајден и приведен во полициската станица.

