Црна хроника
Во сообраќајна незгода на патот Велес – Штип двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип, во атарот на с. Три Чешми. Несреќата се случила помеѓу комбе „фолксваген кеди“ и автомобил „форд ка“.
Во незгодата Н. Л. добил тешки телесни повреди, а Д. Б. добил телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени дрвокрадци во Неготинско

Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н. Н. (21), Ф. М. (21) и С. А. (25), сите од село Криволак, Неготинско.
Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.
Притоа Ф. М. и С. А. побегнале, а Н. Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторната пила по што бил приведен во полициска станица.
Набргу, по преземените мерки, биле пронајдени и приведени и Ф. М. и С. А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен крадец, украл пари од приватен имот

На 08.03.2025 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово затоа што од приватен имот на улица „Лесковачка“ одзел пари.
Тој, според полицијата, бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Топ
Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден.
Првата се случи на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото викано „Голема кривина Макази.
Се судриле три возила, а Г.А. (47) од Ресен загинал на лице место. Повредени се двајца луѓе.
Втората несреќа се случила синоќа околу полноќ, кога животот го загубило 34-годишно лице од Штип (М.Т.), кое било сопатник. Автомобилот во кој се наоѓал излетал од патот Штип-Карбинци, а возачот се здобил со тешки повреди.
Телата на починатите се на обдукција, а надлежните извршија увид.
(Фото: илустрација)