Црна хроника
Во стан во Аеродром приведен криминалец баран по централна потерница
Од страна на оперативен тим за потраги во СВР Скопје синоќа во 22:55 часот во станбен комплекс на подрачјето на Аеродром бил приведен 37-годишен скопјанец, баран за издржување казна затвор.
Наредбата за апсење на А.Р. е од Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од 11 години и 11 месеци.
За него била распишана централна потерница за доиздржување затворска казна од уште 7 години и 9 месеци. А.Р. бил предаден во Полициска станица Кисела Вода од каде ќе биде спроведен во казнено-поправната установа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

