Црна хроника
Во Тетово 21 санкција за возење под дејство на алкохол
Вo текот на изминатата ноќ (24/25 февруари) од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата е санкциониран 21 возач (ТЕ-14 и ГВ-7). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.
Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.Во акциската контрола санкционирани, исто така, биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-18 ГВ-5).
Секторот за внатрешни работи Тетово ќе продолжи со вакви контроли и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето
Вчера во 10.06 часот во СВР Скопје, 47-годишниот Б.П. од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед, 64-годишниот З.К. од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот, извести МВР.
Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец измамен за 800 евра
Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“, нема повредени
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, извести МВР.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.