Црна хроника
Во Чаир изгоре автомобил со украдени таблички

Изгоре автомобил синоќа во Чаир.
Како што соопшти МВР, синоќа околу 20.55 часот настанал пожар на автомобил „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, чии таблички претходно биле пријавени за одземени од патничко возило „алфа“ сопственост на Н.С. од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Грозоморен случај во Кичево: старец силувал малолетничка

Седумдесет и двегодишен старец од Кичево е притворен под сомнение дека силувал малолетничка.
Според информациите на СВР-Охрид, поднесена е кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
„Пријавениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници“, информира полицијата.
Црна хроника
Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.
Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“
Црна хроника
Kриминалец oд Скопје фатен на границата со Грција, се барал со потерница за да издржува затвор

Полицијата вчера го приведе 44-годишниот С.А. од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница.
„При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци“, велат од МВР.
Спроведен е во штипскиот затвор.