Црна хроника
Вработена во „Комунално“ во Струга пазарела со картички на лица кои ги заборавиле при наплата
Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против Л.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување“ и „неовластено навлегување во компјутерски систем“.
„Пријавената, вработена во ЈП „Комунално“ во Струга, на 16.08.2023 и 18.08.2023, неовластено одзела платежни картички од две лица кои при наплата ги заборавиле на пултот, по што ги користела за свои потреби“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
139 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Црна хроника
Нападнати малолетници на автобуска постојка во Скопје
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Оштетиле инвентар во кафеана, запалиле возило кое на сила го одзеле, се заканувале на полицаец: уапсени неколку лица од Прилепско
Синоќа во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства.
МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави