Црна хроника
Вработена во месарница се повредила при мелење месо

Вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во месарница на ул.Максут Садик во Скопје при извршување на редовни работни задачи со машина за мелење на месо поради невнимание се повредила вработената С.М.(47) од Скопје, по што од доктор во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.
Црна хроника
Ѝ одзеле нож со остатоци од кокаин, а дома ѝ нашле амфетамин, кривична против 36-годишна скопјанка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 06.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што е пронајден и одземен нож со остатоци од кокаин и прашкаста материја, а при извршен претрес во домот на пријавената е пронајден и одземен амфетамин, соопшти полицијата.
Црна хроника
Скопјанка повредена откога со електричен велосипед удрила во пешак на Партизанска во Скопје

Синоќа скопската полиција добија пријава за судир на велосипедистка и пешак во која била повредена велосипедистката. Несреќата се случила на булеварот Партизански одреди.
„На 27.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале електричен велосипед ’бенели’, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидната екипа од СВР Скопје.