Црна хроника
Вчера седум сообраќајки во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои три со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 68 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: 10 возачи кои управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи почетници и осум возачи поради сторени други сообраќајни прекршоци.
Исто така исклучени од сообраќај се и 36 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола и две возила поради техничка неисправност. Во текот на изминатиот ден издадени се 201 мандатни платни налози, додека 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

