Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за кумановец кој ја прекршил мерката за самоизлоација
Жител на Куманово ќе биде казнет со 2.000 евра поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од кумановското Основното јавно обвинителство, човекот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација бидејќи доаѓа од Австрија како ризична земја во однос на ширењето на епидемијата.
Притоа прифатил самоизолацијата да ја извршува во својот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на полицијата обвинетиот не бил затекнат во домот.
Со ова тој не постапил по донесените прописи за време на пандемијата на коронавирус поради што кумановското Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Куманово предложило на обвинетиот да му изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена во висина од 20 евра во денарска противвредност.
Судот го прифатил предлогот и на обвинетиот кумановец му изрекол глоба во вкупен износ од 2.000 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

